Поранешен колега тврди: „Кристијано Роналдо и Георгина не се запознаа во бутик, тоа е лага“

Целиот свет е запознат со приказната на Кристијано Роналдо и Георгина Родригес. Двајцата се запознале во бутикот на „Гучи“, а Португалецот постепено ја освоил. Сепак, поранешниот колега на Георгина, Пабло Боне, тврди дека тоа е лага измислена од ПР тимот на Португалецот.

Според него, Георгиена воопшто не работела во „Гучи“ кога се запознала со Кристијано, туку отпосле ја вработиле за да создадат приказна за јавноста. Боне вели дека двојката се запознала во мадридската дискотека „Опиум“, а Георгина претходно била во врска со пејачот Сантана и глумецот Михел Анхел Силвестре.

Се уште нема демант од двојката околу нивното запознавање, ниту реакција од ПР на Кристијано Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести