Поранешен кошаркар на Кожув и Фени меѓу седумтемина обвинети за наводно местење натпревари во Србија

Голем скандал ја тресе Србија, откако Кошаркарскиот сојуз на нашиот северен сосед објави дека покренала постапка против седуммина кошаркари поради наводно местење на натпревари. Еден од кошаркарите пред десеттина години играше и во Македонија. Се работи за Владимир Ивеља, кој во сезоната 2014/2015 беше дел од Кожув, а следната играше за Фени индустри.

„Кошаркарскиот сојуз на Србија (КСС) ја информира јавноста дека доследно и одлучно се залага за чесен и чист спорт. КСС остро го осудува секој облик на местење на натпревари, бидејќи со таквите малверзации се нарушува рамноправноста на натпреварувањето, а правилата за фер-плеј стануваат бесмислени, а тие се темелот на овој спорт. Свесни за сериозните и долгорочни последици кои местењето на натпреварите ги има врз кошарката и спортот воопшто, истакнуваме дека ќе се залагаме со сите ресурси и капацитети во борбата против овој проблем. Одлучни сме да се спротивставиме на сите негативни појави кои го загрозуваат интегритетот на натпреварувањата и затоа во соработка со ФИБА и документацијата која ја имаме, ќе ги преземеме сите потребни мерки пред надлежните државни институции за заштита на спортските вредности. Никола Христов, Алекса Новаковиќ, Коча Јововиќ, Милош Чојбашиќ, Владимир Ивеља, Милан Радивојевиќ и Вук Ѓорѓевиќ се имињата на кошаркарите кои одговараа пред органите на КСС. Ние остануваме приврзани кон сочувувањето на честа и достоинството на спортот со максимална соработка во ФИБА и веруваме дека со заедничко и одлучно делување можеме да ги сочуваме големите вредности кои кошарката ги претставува.“ – се вели во соопштението на КСС.

- Оглас -

Најнови вести