Поранешниот ММА борец, Чаел Сонен, го обвини кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, дека се допингува.
Сонен во подкастот „Флагрант 2“ рече дека НБА ѕвездата користи ПЕД (Performance Enhancement Drug), што претставува кратенка за супстанца со која се подобруваат перформансите на спортистот.
Chael Sonnen claims Lebron James takes PEDs. “We have the same drug guy, I know exactly what he takes”.
( via Flagrant 2 podcast) pic.twitter.com/EDnCHatxhX
— Jo (@MavsStan41) March 8, 2023
Сонен рече дека со Леброн имаат заеднички дилер, односно исто лице кои ги снабдува со ПЕД и поради тоа знае дека и кошаркарот на Лејкерс се допингува.
Џејмс наводно користи допинг за зголемено производство на црвени крвни зрна во телото кои му овозможуваат да игра што подолго.