Поранешен НБА-играч осуден на 10 години затвор

Поранешниот НБА-играч Теренс Вилијамс е осуден на десетгодишна затворска казна поради измами вредни пет милиони долари со здравственото осигурување на кошаркарите.

На 36-годишниот Вилијамс ќе му бидат запленети повеќе од 650.000 долари, а ќе мора да плати 2,5 милиони долари за реституција, односно за надомест на измамените.

Тој соработувал со стоматолог и доктори во Сојузните американски држави Калифорнија и Вашингтон со цел да оствари профит преку фалсификувани барања за медицински и стоматолошки трошоци.

Поранешниот кошаркар ја призна вината за измама и за кражба на идентитети, а при изрекувањето на пресудата, судијата Валери Капрони му порача на Вилијамс дека играјќи во НБА требало да биде финансиски обезбеден до крајот на животот.

Случајот со Вилијамс беше дел од поширока истрага која доведе до кривични пријави против 18-мина поранешни НБА-кошаркари. Досега 13 од нив ја признаа вината и дел од нив добија условни казни.

Теренс Вилијамс влезе во НБА-лигата во 2009 година како 11-ти избор на драфтот од тогашниот Њу Џерси нетс. Потоа играше и за Бостон селтикс, Хјустон рокетс и Сакраменто кингс, по што во 2013 година ја заврши кариерата.

- Оглас -

Најнови вести