Поранешен премиерлигашки клуб бара напаѓач преку оглас

Раководството на англискиот третолигашки клуб Портсмут официјално негираше дека пуштиле оглас на интернет сајт за пазар на работа, со цел да привлече нов напаѓач.

Пред некој ден, на една од најголемите вебстраници во Англија, Indeed.com – беше забележан интересен оглас во кој пишуваше дека фудбалски клуб, кој до пред некоја година бил во Премиерлигата, а сега се наоѓа во Лига Еден, бара напаѓач. Објавената плата за играчот кој би потпишал за нив беше од 50 до 75 илјади фунти.

Веднаш се појавија шпекулации дека клубот е Портсмут, па на нивна адреса стигнале голем број понуди. Но, освен „помпеите“, сомнителни се и Болтон вондерерс и Блекпул кои истотака биле дел од елитата, а сега се во третата лига по квалитет на Островот.

„Можеме да потврдиме дека понудата не беше публикувана од нас. Молиме сите да престанете да испраќате писма до нас, со кои не молите да дојдете на проба” – стои во соопштението на Портсмут.

Предлогот за за работа било објавено од компанија која се наоѓа во Вулверхемптон. Се чека дали некој клуб ќе си признае.

- Оглас -

Најнови вести