25.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Поранешен репрезентативец на БиХ е ново засилување за офанзивната линија на Вардар (Фото)

Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, продолжува со доведувањето на нови засилувања за следната сезона. Најнова аквизија на „црвено-црните“ е поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Горан Зековиќ.

31-годишниот фудбалер настапува на левата крилна позиција, а во Вардар пристигнува од грчкиот Еоликос. Зековиќ претходно во својата кариера има настапувано и за босанските Козара, Широки Брег, Зрињски, Железничар и Борац од Бања Лука, хрватските Динамо Загреб, Локомотива, Славен Белупо и Задар, белградски Партизан, Универзитатеа Крајова од Романија и Оход од Саудиска Арабија. За репрезентацијата на Босна и Херцеговина има забележано 11 настапи во 2018-тата и 2019-тата година, а има и 13 настапи за младинската селекција на босанците за фудбалери до 21 година.

- Оглас -

Најнови вести