Поранешен репрезентативец на Ирска осуден на 15 месеци затвор

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Ирска, Ентони Стоукс, е осуден на 15 месеци затвор откако му беше запленет кокаин во вредност од четири илјади фунти и поради тоа што во алкохолизирана состојба бегал со автомобил од полицијата.

Стоукс во јануари минатата година бегал со својот автомобил од полицијата со брзина од 160 километри на час и за малку ќе се судрел со друг возач, пренесе јавниот сервис на Република Ирска.

Стоукс во текот на таа ноќ трипати поминал на црвено светло.

Откако му беше запленет автомобилот, кокаинот во вредност од 3700 фунти беше пронајден скриен во чорапа, на која се наоѓаше ДНК на Стоукс, а која беше ставена во вентилацијата на возачката страна.

Понатаму беше потврдено дека Стоукс возел под дејство на алкохол над дозволеното ниво.

Кај Стоукс дополнително беа пронајдени 86 нелегални таблети.

По последните тестови за дрога беше потврдено дека Стоукс сè уште има кокаин во својот организам.

Во март оваа година, Стоукс беше осуден на пет месеци затвор поради прогонување и навредување на својата поранешна девојка.

Стоукс (36) ја започна својата кариера во Арсенал, за кого одигра еден натпревар. Во Англија има играно и за Сандерленд, Шефилд јунајтед, Кристал палас и Блекбурн, а шест години настапуваше за шкотскиот Селтик, за кого одигра 191 натпревар и постигна 76 гола.

Стоукс за репрезентацијата на Ирска одигра девет натпревари.

- Оглас -

Најнови вести