Поранешниот репрезентативец на Португалија, Рубен Семедо, е уапсен од португалската полиција, откако ја претепал сопругата, па ја заклучил дома. Таа откако била ослободена, пријавила во полиција, а фудбалерот на катарски Ал-Кор заврши во притвор.
„Полицијата уапси 30-годишен граѓанин во раните утрински часови во неделата поради казнено дело – семејно насилство. 30-годишна жена била жртва на напад и закани од својот парнер, била и заклучена неколку часа во домот на осомничениот, додека не успеала да отиде во полициска станица и да поднесе пријава. Жртвата имаше видливи повреди, па била повикана и итна помош, која ѝ е пружена во болница.“ – се вели во соопштението на португалската полиција.
Семедо блесна во дресот на грчки Олимпијакос, а токму во тој период стана и репрезентативец на Португалија.