Некогашниот руски фудбалски репрезентативец Алексеј Бугајев загина во војната во Украина. Имаше 43 години. Веста за неговата смрт ја објави неговиот адвокат Антон Смирнов, а ја потврди таткото на фудбалерот.
Бугајев играше на стоперската позиција и вкупно има седум настапи во дресот на руската репрезентација, од кои два му се за време на Европското првенство кое во 2004 година се играше во Португалија. Тој беше на теренот во дуелите со двата финалисти, Португалија и Грција, против кои играше во групната фаза. На двата меча, Русија загуби.
🎉 Armed Forces of Ukraine eliminated a former player of the Russian national football team Bugaev
❌He played 7 matches for the Russian national team, including at Euro 2004.
😱 In September, he was sentenced to 9.5 years in a strict regime colony in a drug trafficking case. pic.twitter.com/dej1ufLbzS
— Base of Ukrainian sports 🇺🇦 | Olympics (@Ukrsportbase) December 29, 2024
Целата фудбалска кариера Бугајев ја помина играјќи во клубови во домашното првенство, па така негови екипи беа Торпедо Москва, Локомотив Москва, Том Томск, Химки и Краснодар. Фудбалската кариера ја заврши на 29 години, а потоа стана зависник од алкохол, но и криминалец.
Бил дилер на дрога, па откако минатата година бил фатен, осуден е на девет и пол години затворска казна. За да не оди „зад решетки“, Бугајев доброволно прифатил да замине на военото поле, од каде што, за жал, не се врати дома.