Поранешниот селектор на ракометната репрезентација на Србија, Веселин Вуковиќ, бил нападнат во средата. Според српските медиуми, Вуковиќ одбил да му биде укажана лекарска помош, а нападот бил пријавен во полицијата во Белград.
Според српските медиуми, Вуковиќ наводно бил претепан од сопствениот син и тоа пред болница за лекување зависности.
Вуковиќ беше дел од репрезентацијата на поранешна СФР Југославија која го освои златниот медал на Олимписките игри во 1984 година и на Светското првенство 1986. Со екипата на Металопластика две години по ред (1985 и 1986 година) беше европски шампион, а подоцна играше и за Атлетико Мадрид и Барселона.
Веселин Вуковиќ беше селектор на Србија во 2012 година кога го освои сребрениот медал на Европското првенство што се одржа токму во оваа земја.