Поранешен селектор на Словенија ќе биде нов тренер на Еурофарм Пелистер?

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер неодамна остана без тренерот Рубен Гарабаја, кој поднесе оставка по серијата лоши резултати, а веќе се појави главниот кандидат за негов наследник.

Се работи за поранешниот селектор на Словенија, 58-годишниот Борис Дениќ, стратег со импресивна кариера и долгогодишно искуство. Во моментов Дениќ е советник за развој во Слован, каде што претходно беше и тренер пред доаѓањето на Урош Зорман.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Handballia (@handballia)

Од Пелистер најавија дека новиот тренер ќе биде назначен по завршувањето на првиот дел од сезоната, а полусезоната од клупата ќе ја одработи спортскиот директор Звонко Шундовски.

- Оглас -

Најнови вести