Шампионот на Англија од 1920-тата година, Вест бромвич албион, во иднина ќе има нови сопственици, откако беше откупен од американски конзорциум за само 70 милиони евра. Клубот за кој во минатото играше и нашиот Артим Шаќири до сега имаше кинески сопственици, кои не беа баш омилени кај навивачите.
https://twitter.com/centregoals/status/1756004696169279773?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1756004696169279773%7Ctwgr%5E6648e0673ffe1adfab539dfcbf2608a8fb446c4b%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fsport%2Fnogomet%2Fbivsi-prvak-engleske-prodat-za-70-miliona-eura-navijaci-slave-odlazak-kineza%2F240209203
Одлуката за заминувањето на кинезите беше еуфорично прославена од навивачите на ВБА, клуб кој во моментов се наоѓа на одличното петто место во Чемпионшип дивизијата и со новите сопственици се надева на враќање во Премиер лигата.
ВБА освен шампионската титула од 1920-тата година, има освоено и пет ФА купа, три Супер купа на Англија, како и еден Лига куп.