Поранешен соиграч на Меси, Суарес, Бускетс и Алба е нов тренер на Интер Мајами

Селекторот на младинската и олимписката селекција на Аргентина, Хавиер Маскерано, ќе биде новиот тренер на Интер Мајами, кој ќе го замени неговиот сонародник Тата Мартино. За Маскерано ова ќе биде прв сениорски тренерски ангажман, а под негова палка ќе бидат поранешните соиграчи од Барселона, Лионел Меси, Луис Суарес, Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Маскерано веќе три години е селектор на репрезентацијата на Аргентина за фудбалери до 20 години, со која минатата година дојде до осминафиналето на Светското првенство, а на првенството на Јужна Америка го освои дури осмото место. Тој ја водеше и олимписката селекција на Игрите во Париз и беше елиминиран во четвртфиналето.

Интер Мајами оваа сезона го освои првото место во Источната конференција со рекорден број на бодови, но потоа беше елиминиран во разигрувањето од Атланта со 2-1 во победи.

- Оглас -

Најнови вести