27.8 C
Skopje
недела, 3 август 2025

Поранешен соиграч на Пандев се скара со познат новинар поради шпекулација (фото)

Доменико Кришито, членот на Џенова и поранешен соиграч на Горан Пандев, преку приватни пораки се скара со познатиот новинар Алфредо Педула, околу шпекулација за неговата кариера.

Имено, Педула објавил дека искусниот дефанзивец прифатил 18-месечен договор од Торонто, тимот од МЛС лигата каде што од вчера нова ѕвезда е Лоренцо Инсиње, па овој решил лично да му каже дека неговата информација не е точна.

„Ја прочитав твојата вест. Нареден пат подобро информирај се пред да објавуваш ср*ње“, стои во пораката на Кришито, на што новинарот му одговори:

„Како се осмелуваш? Оваа порака ќе ја објавам јавно“, за потоа фудбалерот да му даде дозвола, па Педула уште еднаш му возврати:

„Со кого разговараш, со син ти? Молчи и плачи помалку“, заврши Педула пред да му забрани на Кришито пристап до нивниот приватен разговор.

https://twitter.com/AlfredoPedulla/status/1540658219000946688

Италијанскиот новинар навистина го објави разговорот на својот твитер-профил, а над фотографијата напиша: „Кришито, 35-годишен професионален фудбалер. Лав на тастатура во приватни пораки. Можеби не треба да ги обвинуваме помладите генерации“.

И покрај оваа расправија, се очекува Кришито да ја комплетира преселбата преку Барата, а вакви работи воопшто не му се потребни.

- Оглас -

Најнови вести