Некогашниот репрезентативец на Иран, Хосеин Махини, е упасен во Иран поради тоа што ги поддржува протестите во земјата и за објавен твит во кој жали за трагичната смрт на Мехса Амини, која беше убиена во протестите во земјата.
Махини има 23 настапи за репрезентацијата на Иран, а во 2013 година му беше соиграч на нашиот познат ас Влатко Гроздановски во гигантот Персеполис.
متنفریم ازتون متنفر#مهساامینی pic.twitter.com/bDDQhZInt0
— Hossein Mahini (@HosseinMahini) September 16, 2022
Иранските медиуми најавија дека допрва следува апсење на познати личности во земјата кои ја подржуваат културната револуција што ја започнаа жените на Иран.
Се очекува да биде упасен и Али Керими, една од најголемите фудбалски ѕвезди во историјата на Иран и човек што играше за Баерн Минхен, а со 127 настапи е на третото место на вечната ранг-листа на иранската репрезентација.