Поранешен светски шампион се степа со полицијата, па го приведуваа со електрошок (Видео)

Поранешниот светски шампион на 100 метри, Фред Керли, е приведен од страна на полицијата во Мајами, откако не ги почитувал нивните наредби. Двократниот олимписки медал во придружба на една девојка се доближил до полицајците кои работеле на друг случај, па од него било побарано да ги заобиколи, а откако не ги послушал нивните наредби започнал агресивно да се однесува.

Четворица полицијалци не успеаја физички да го совладаат и да го приведат, па морале да употребат електрошок за да го смират разбеснетиот Керли.


- Оглас -

Најнови вести