Поранешен тенисер ја откри тајната на „допингот“ на Ѓоковиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се најде во центарот на вниманието на фановите и на јавноста откако на мастерсот во Париз повторно беше забележан како пие таинствен напиток, по што на социјалните мрежи започнаа да се шират разни теории за евентуален допинг.

Тие го уловија членот на тимот на Ѓоковиќ, Улисес Бадио, како тресе шише со пијалок и му го подава на собирачот на топки за да му го однесе на Новак.

Ѓоковиќ одби да одговори за што станува збор, а и во минатото беше прашуван за каков пијалок се работи, а тој на шега зборуваше дека е „волшебниот напиток“.

Поради тоа, многумина се посомневаа дека станува збор за некаков „допинг“, но поранешниот тенисер, Роби Кениг, вели дека нема ништо тајно или контроверзно во овој случај.

„Не можам да верувам дека се зборува воопшто за ова. Врвните спортисти во кој било спорт, посебно во индивидуалните спортови, не сакаат ривалите да ги знаат нивните ‘тајни’ и во тоа нема ништо нелегално. Тоа се основите на натпреварувањето. Дали некогаш сте ја погледнале тренинг-програмата на Пјеро Паганини за Роџер Федерер? Никогаш…“, одговори Кениг.

 

- Оглас -

Најнови вести