Поранешен тренер на Кливленд посочи која е разликата меѓу Џејмс и Џордан

Дејвид Блат го предводеше тимот на Кливленд кавалирс од 2014 до 2016 година. Стратегот застана на клупата во годината кога Леброн Џејмс се врати во тимот кој му ги отвори вратите на НБА-лигата со мисија да им ја донесе првата титула во историјата. Кралот го направи тоа во 2017 година, по една сезона откако Блат доби отказ и беше сменет со Тајрон Лу.

Поранешниот тренер на Кавалирси зеде замав и посочи која е разликата меѓу Мајкл Џордан и Леброн Џејмс и дека токму поради тоа легендата на Чикаго е подобар кошаркар од Кралот.

„Џордан освои шест титули, и тоа со една екипа, а што е уште поважно, тој не се фокусираше на „јас“, туку на „ние“. Сепак, од аспект на вештини и влијание врз спортот, Мајкл и Леброн се меѓу петте најдобри кошаркари во историјата“, вели Блат.

Џордан во два наврати освојуваше три титули во низа со Булс, додека Џејмс е трикратен првак – две титули освои со Мајами, како и една со Кливленд.

- Оглас -

Најнови вести