Поранешен тренер на Реал Мадрид седнува на клупата на Вест хем

Премиерлигашот, Вест хем, од следната сезона ќе има нов тренер, откако беше постигнат договор со шпанецот, Хулен Лопетеги, да го преземе кормилото на „чеканите“. Тој доаѓа на местото на Дејвид Мојс, кој си оди на крајот на сезоната поради лошите резултати.

Навивачите на Вест хем бараа тој да биде сменет веднаш после поразот од Челзи со 0-5 на домашен терен.

Лопетеги во својата кариера беше тренер на Порто, Реал Мадрид, Севиља, Вилверхемптон и репрезентацијата на Шпанија, а без работа е од минатото лето кога на три дена пред почетокот на првенството беше отпуштен од Вулверхемптон. Сепак, шпанецот остана да живее во Англија со надеж дека повторно ќе најде ангажман во Премиер лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести