Поранешен тренер на Стефан Ристовски е топ-фаворит за нов кормилар на ПСЖ

Рубен Аморим е вториот Португалец што е во најтесна конкуренција за нов тренер на Пари Сен Жермен, по Сержо Консеисао.

Маурисио Покетино речиси сигурно ќе си замине од Париз, а веќе ја нема поддршката од спортскиот директор Леонардо, кој веќе си замина од таборот на ПСЖ.

Популарните Светци според француските медиуми првично му понудиле на тренерот на Порто, Сержо Консеисао да биде нов кормилар на шампионот на Франција, а сега во игра е и тренерот на Спортинг Лисабон.

Аморим од Брага за рекордна сума во португалскиот фудбал од 10 милиони евра пристигна во Спортинг во 2020 година и лани успеа по цели две децении да му донесе титула на тимот од Лисабон.

Во првата сезона му беше тренер и на Стефан Ристовски, но нашиот репрезентативец си замина во Динамо Загреб во февруари лани.

 

- Оглас -

Најнови вести