Поранешен УФЦ шампион за време на дочекот на Нова година претепал група Албанци во Лондон и спасил непозната девојка

Актуелниот ММА борец Андреј Арловски, кој е поранешен шампион во тешка категорија во организацијата УФЦ, за време на дочекот на Новата година на улица во Лондон истепал неколку Албанци кои малтретирале девојка.

„Излеговме од ресторан и на улицата имаше тројца или четворица Албанци. Еден од нив удри една жена и изгледаше како со колено да сака да ја удри уште еднаш, овој пат во лицето. Само им пријдов и им реков „Среќна Нова година, што има? Ми одговори дека тоа не треба да ме интересира. Нормално, беше пијан. Тој што стоеше од мојата лева страна веднаш ме удри, и тоа во увото. Е, тогаш не се двоумев ниту една секунда, го оттурнав и со десната рака го удрив тој што ја држеше девојката. Доби аперкат, по што почна тепачка, но тие наскоро избегаа“, открива Арловски за англиските медиуми.

ММА борецот упати критики и за полицајците кои биле во близина, но не интервенирале.

„Интересно е што во близина имаше полицајци на кои им реков дека не можам да поверувам дека не интервенираа. Не ми беше јасно зошто се држеа на страна, но подоцна од таксистот кој ме превезуваше дознав дека полицијата не се меша кога има тепачки меѓу азиланти дури и тие да бидат во центарот на Лондон. Девојката ја тепаа бидејќи сакала да ги напушти. Не ѝ дозволија да си замине, а јас чувствував дека морам да реагирам. Добро е што не ме повредија со некаков остар предмер, имам само мала лузна на увото“, рече Арловски.

- Оглас -

Најнови вести