Поранешен вардарец најави невидена драма што заврши среќно за него и Слован со гол во 123 минута (Видео)

Тигран Барсегјан беше клучниот човек со Владимир Вајс за победа на Слован против Динамо Батуми со 2:1 во продолженија во најдраматичниот двомеч од првото квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Двата дуели меѓу грузискиот и словачкиот првак завршија без голови, па вечерва се играа драматични продолженија во Батуми, од двапати по 15 минути.

Динамо поведе со голот на Давиташвили во 104. минута, а потоа Барсегјан, кој е поранешен играч на Вардар постигна гол за израмнување во 115. минута.

Драмата кулминираше во последните моменти, кога словачкиот репрезентативец Вајс со гол во 123. минута направи комплетен пресврт и го однесе Слован во второто квалификациско коло.

https://twitter.com/stovemachala/status/1547306510405058561?s=20&t=ztsUFj1zJcudnCa3qqtfFg

За Динамо играше Џаба Џигаури, исто така поранешен вардарец и член на златната генерација од 2017 година, која прва играше во фаза по групи во еврокуповите, тогаш во Европа Лигата.

Понатаму по денешните завршени реванш мечеви одат и Бодо Глимт, потоа и Марибор и Ференцварош, а во тек се и дуелите меѓу Клуж и Пјуник, односно Линфилд и ТНС.

 

- Оглас -

Најнови вести