Поранешениот репрезентативец на Македонија се реактивира: Деспотовски го облече дресот на Љуботен (Фото)

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Македонија, Филип Деспотовски, одлучи да се врати на фудбалските терени и да му помогне на тетовски Љуботен во остварување на амбициите, пласман во второлигашката конкуренција.

Деспотовски својата фудбалска кариера ја заврши во 2017-тата година како играч на Гостивар, а потоа започна и тренерска. Беше ангажиран во младинските категории на Вардар, а потоа и во стручниот штаб на Ѓоко Хаџиевски во ОАЕ и Саудиска Арабија. Во моментов е тренер на Тетекс од Тетово.

Сепак, тренерската кариера не го спречи на 41-годишна возраст повторно да се врати на фудбалските терени како играч, а според извештаите, Деспотовски, бил еден од најдобрите на теренот на неговото деби за Љуботен во победата од 2-1 над Џепчиште во рамки на првото коло од Третата лига – Запад.

Филип Деспотовски има одиграно 18 натпревари за фудбалската репрезентација на Македонија, а клупската кариера ја градеше низ настапи за Цементарница, Напредок, Вардар, Работнички, Тетекс и Академија Пандев во домашното првенство. Интернационално играше за српските ОФК Београд, Бежанија и Мачва, грчите Етникос Пиреја и Пиерикос, Ворскла од Украина и Интер Баку во Азербејџан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести