Поранешен фудбалер на Барселона и Арсенал реши дека е доста и со 36 години замина во пензија

Поранешниот камерунски репрезентативец, но и фудбалер на Арсенал и Барселона, Алекс Сонг, одлучи да му каже доста на фудбалот и со 36 години да замине во пензија. Негов последен клуб е Арта од Џибути, а освен за Каталонците и Топчиите, настапуваше и за Бастија, Чарлтон, Вест хем, Рубин Казањ и Сион.

Тој одлуката ја соопшти на социјалните мрежи.

„Со голема тага морам да кажам дека дојде моментот да ги закачам копачките на клин. Мојот пат започна во Јаунде. Играв без копачки, бос и на тврда подлога. Тоа ми даде сила и храброст за да успеам. Кога заминав во Франција, Бастија ми изгледаше како чудо. Сепак, тоа беше само почеток на патувањето до Арсенал и Барселона, двата најголеми клуба на светот. Многумина ми помогнаа и им благодарам за тоа. Само еден е Сонг“, напиша фудбалерот на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести