Поранешна НБА-ѕвезда заврши во притвор, ја тепал сопствената ќерка

Поранешниот НБА олстар-кошаркар Амари Стадемаер е уапсен на аеродромот во Мајами, САД, бидејќи ја тепал сопствената ќерка.

Поранешниот кошаркар на Њујорк никс и Феникс санс ноќта меѓу неделата и понеделникот, наводно, прво ја удрил сопствената ќерка по лицето, а потоа ѝ удрил уште неколку шлаканици, по што бил уапсен од полицијата и бил обвинет за нанесување телесни повреди.

Поранешниот кошаркар се огласи во јавноста и демантира дека повредите на неговата ќерка се последица од тепање.

„Кога ќе заврши истрагата, фактите ќе покажат што навистина се случило и дека здравствената состојба на ќерка ми не е резултат на тепање од мене, маж висок над 2 метри и тежок повеќе од 100 килограми. Јас не сум човек кој покажува насилство, посебно не кон моите деца“, објави Стадемаер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести