Поранешна ѕвезда на Астон Вила го исмеваше Лидс, па го „снема“ по поразот од 0:3 (Фото)

Габриел Агбонлахор, поранешната фудбалска ѕвезда на Астон Вила ги задеваше навивачите и играчите на Лидс пред гостувањето на „Вила Парк“, но по поразот од 0:3 го снема од социјалните мрежи.

Агбонлахор тврдеше дека Лидс нема шанси и џабе патува до Бирмингем, бидејќи Астон Вила ќе продолжи со максимален учинок, но на терен го демантираа играчите на премиерлигашот од Јоркшир.

Патрик Бамфорд постигна хет-трик за убедлива победа на Лидс од 3:0, а гостите за кои цел меч и тоа извонредно го одигра и Езџан Алиоски апсолутно беа подобри и доминираа.

Агбонлахор играше цели 13 сезони за Астон Вила, која му е и матичен клуб, но немаше среќа вечерва во битката на социјалните мрежи со навивачите на Лидс, кои му возвратија на интересен начин.

- Оглас -

Најнови вести