Поранешна ѕвезда на Интер, Валенсија и Севилја потпиша за матичниот клуб на Меси

Искусниот аргентински фудбалер Евер Банега својата играчка кариера ќе ја продолжи во татковината, и тоа во клубот Њуелс oлд бојс од неговиот роден град Росарио.

Банега во Њуелс дојде од саудискиот Ал-Шабаб, а договорот му е до 31 декември 2025 година.

Во својата кариера, некогашниот аргентински репрезентативец има играно за Бока јуниорс, Интер, Валенсија, со Севилја трипати ја освои Лигата на Европа и иако им 35 години, ќе биде големо засилување за клубот во кој фудбал почна да тренира Лионел Меси, а дресот на овој клуб го има носено и Диего Марадона.

- Оглас -

Најнови вести