Поранешната сопруга на Скоти Пипен и синот на Мајкл Џордан се во врска

Поранешната сопруга на легендарниот НБА-кошаркар Скоти Пипен, Ларса Пипен (48)м и синот на најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан, Маркус (31), кој е поранешен кошаркар, се фатени како на улица разменуваат нежности.

Фотографиите од Ларса и Маркус во Мајами како се бакнуваат и се држат за раце ја демантираат реалити ѕвездата која пред неколку дена изјави дека нема ништо меѓу неа и синот на Мајкл Џордан и дека тие се само пријатели.

Ларса Пипен по разводот со Скоти во 2021 година, постојано се забавува со актуелни НБА-кошаркари. Пред извесно време, Малик Бисли ја изневери сопругата со 22 години постарата Ларса, Наводно, кошаркарот ја исфрил сопругата и нивното едногодишно дете од домот за да се всели Ларса, која преку ноќ стана најомразената личност во САД.

Претходно Ларса се забавуваше и со ѕвездата на Бруклин нетс, Бен Симонс.

Скоти Пипен и Мајкл Џордан играа заедно во Чикаго булс и во 1990-тите години освоија шест шампионски титули.

- Оглас -

Најнови вести