Ешли Харклерод е тенисерка која своевремено беше на 39 место на ВТА светската листа, но сега има сосема поонаков начин за добра заработка. Американката има своја страница на платформата Onlyfans каде објавува фотографии и видеа на кои таа е и целосно гола.
За да се видат овие фотографии и видеа, „фановите“ треба да уплатат девет евра месечно или околу 550 денари. За Ешли ова не е нешто ново, затоа што таа во 2008 година беше на насловната страница на „Playboy“.
View this post on Instagram
„Јас сум прва професионална тенисерка која некогаш била на насловна на Pleyboy, а сега сум и на OnlyFans“, гордо кажува Харклерод.
Во тениската кариера, Ешли на Гренд слем турнирите најголем успех забележа на Ролан Гарос во 2003 и на Австралија опен во 2007 година, кога стигнуваше до третото коло. Последниот професионален меч го одигра во август 2010 година, а во текот на кариерата заработи 967.000 долари, а 37-годишната некогашна тенисерка сега има нов начин на заработка.
View this post on Instagram