Бразилскиот фудбалер Оскар своевремено важеше за еден од најголемите таленти на Кариоките, па тоа во 2012 година му донесе трансфер во Челзи. На „Стемфорд бриџ“ остана пет години, а потоа следуваше преселба во Кина.
Седумте години на Далечниот Исток му донесоа нето-заработка од над 200 милиони евра пред да се врати во татковината. Тоа се случи минатата година, но сега се соочува со крај на краеирата само на 34 години.
Оскар вчера се срушил на тренингот на Сао Пауло откако бил тестиран на статичен велосипед. Тој бил во бессознание околу две минути, а брзата реакција на лекарите му го спасила животот, па сега е хоспитализиран.
Проблем е работата на срцето, а тоа било констатирано уште во август, но добил зелено светло од лекарите да настапува. Сепак, дополнителните прегледи покажаа дека кариерата на Оскар ќе заврши само на 34-годишна возраст.

