2.8 C
Skopje
недела, 28 декември 2025

Поранешната ѕвезда на Ливерпул и екс англиски репрезентативец може да заврши во затвор

Енди Керол до пред неколку години беше еден од главните играчи во англискиот фудбал. Го носеше дресот на Ливерпул, а беше дел и од англиската репрезентација.

Керол кој сега има 36 години, настапува во тимот на Дагенред кој е дел од шестата лига во англискиот фудбал. Голгетерот кој важеше за еден од најквалитетните во Англија, сега се соочува со можна затворска казна и до пет години и тоа поради прекршување на забраната за доближување на друга личност.

„Маж е уапсен поради кршење на забраната за приближување“, стои во соопштение на британската полиција.

Поради правни причини полицијата не може да открие повеќе детали околу овој случај. Керол во вторник треба да се појави пред суд.

Овој фудбалер има одиграно 248 меча во Премиер лигата и тоа како играч на Њукасл, Ливерпул и вест хем/ Постигна 54 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести