5.8 C
Skopje
четврток, 5 февруари 2026

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид ја продолжува кариерата во МЛС-лигата

Хамес Родригес во 2014 година како вистинска ѕвезда пристигна од Монако во Реал Мадрид во трансфер вреден 75 милиони евра. Сепак, Колумбиецот не ги оправда очекувањата, па неговата кариера тргна во надолна линија.

Во својата кариера играше речиси на сите краишта од светот, а сега кариерата ќе ја продолжи во МЛС-лигата, во екипата на Минесота јунајтед.

Последниот клуб на Хамес Родригес му беше мексиканскиот Леон, а освен за Реал и Монако, настапуваше и за Енвигадо, Банфилд, Порто, Баерн Минхен, Евертон, Ал-Рајан, Олимпијакос, Сао Пауло и Рајо Ваљекано.

Хамес Родригес важи за вистинска легенда во Колумбија бидејќи за репрезентацијата има одиграно неверојатни 122 натпревари и има постигнато 21 гол.

 

- Оглас -

Најнови вести