Официјално, Баер Леверкузен има нов тренер, а тоа е Каспер Хјулманд.
Хјулманд е дански тренер роден во 1972 година, а во Леверкузен пристигнува по една година без ангажман откако во периодот од 2020 година до јули 2024 беше селектор на Данска. Ја водеше данската репрезентација на 52 натпревари, најголем успех му беше полуфиналето на ЕП 2021.
Тој има искуство од работење во Германија, пред 11 сезони кратко го водеше Мајнц. Хјулманд е познат по својот напаѓачки и модерен пристап кон фудбалот и неговиот акцент на тимскиот дух.
Леверкузен беше во потрага по тренер откако холандскиот стручњак Ерик Тен Хаг беше отпуштен после само три официјални натпревари. Како можен тренер на Баер се спомнуваше и Анге Постекоглу, но изборот падна на Хјулманд.
Договорот на Хјулманд со Аспирините е на две години.