Поранешниот директор за ситуацијата во Ливерпул: „Гледам дека немаат намера да си заминат“

Навивачите на Ливерпул се во неизвесност и исчекување околу продолжувањето на договорите на три ѕвезди на екипата. Договорите на Мохамед Салах, Трент Александер-Арнолд и Вирџил ван Дајк им истекуваат налето и сè уште не се продолжени, а во моментов и нема информации дали се преговара за нови.

Генерланиот директор на Црвените во периодот од 2017 до 2020, Питер Мур, со кого екипата дојде до трофејот во Премиер лигата, тврди дека според она што го гледа, не му се чини дека некој од нив се подготвува да си замине.

„Се работи за Трент, Вирџил и Салах и многу е тешко да се замисли дека некој од нив тројца може да го напушти Ливерпул. Знам дека сопствениците на клубот напорно работат на продолжувањето на нивните договори. Прашањето е дали ќе успеат да договорат продолжување со сите тројца или пак со двајца или можеби само со еден. Секогаш постои и опцијата дека сите тројца на крајот ќе си заминат како слободни фудбалери. Кога ќе ги погледнете фудбалерите и како се посветени, никогаш не би рекол дека некој од нив има намера да си замине. Преговорите се во тек и сигурен сум дека се движат во правилна насока“, вели Мур.

- Оглас -

Најнови вести