Поранешниот доктор на Реал вели дека Кристијано не е најдобриот атлет кој го видел

Некогашниот шеф на медицинскиот тим на Реал Мадрид, Хесус Олмо, го прогласи велшкото крило Герет Бејл за најсилен фудбалер со кој работел, ако се сметаат само физичките способности.

„Бејл е најдобриот атлет кој сум го видел. Тој природно има такви физички предиспозиции, што може да биде успешен во кој било спорт. Има необична генетика и атлетство, тој е играчот кој најмногу ме има импресионирано“, вели Олмо.

Бејл во Реал дојде во 2013 година од Тотенхем, но за овие седум години тој многу често се повредуваше. Договорот со Кралскиот клуб му е до 2022 година.

Од 2009 до 2018 за Реал играше Кристијано Роналдо, кој се смета за физички еден од најсилните фудбалери на денешницата, но доктор Олмо, кој беше во клубот од 2013 до 2017 година, му даде предност на Бејл. Ги пофали и Кристијано Роналдо, Серхио Рамос, Карвахал и Лукас Васкес, како и голманот Кејлор Навас, кој бил многу брз во движењата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести