20.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Поранешниот фудбалер на Реал за Јамал: „Тој е лицето на Ла Лига, но Барселона мора да го заштити“

Ламин Јамал со фантастичен гол стави печат на победата на Барселона од 0-3 на гостувањето кај Мајорка. Воодушевен од неговите игри е и поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Стив Мекнаманам, кој вели дека тоа што го прави Јамал е фантастично, но Барселона мора да го заштити.

„Разговаравме за него и минатата сезона. Тој е лицето на Ла Лига оваа сезона, а тоа го покажа и со последниот удар на мечот против Мајорка. Апсолутно брилијантно. Може да игра на двете крилни позиции, може да прави и финти. Во овој момент поседува сè и ќе продолжи да се развива уште повеќе. Се надевам дека Барселона ќе го заштити малку и нема да го користат кога веќе имаат добар резултат. Со својот талент го нервира противникот и трпи остри стартови. Каков играч – задоволство е да го гледаш“, рече Мекнаманам.

- Оглас -

Најнови вести