Поранешниот голман на Челзи брутално нокаутиран во ММА-борба (Видео)

Бразилскиот ММА борец Рикардо Прасел го претрпе петтиот пораз во кариерата (има и 13 победи) откако беше нокаутиран од Полјакот Стефан Војчак.

Интересно е тоа што Прасел пред 14 години беше фудбалски голман, и тоа како член на лондонскиот Челзи. Во таа сезона 2009/2010, тренер на Сините беше Карло Анчелоти, а Прасел беше трети голман по Петр Чех и Енрике Иларио. Тој има фотографии со некои од соиграчите, како Михаел Балак и Дидие Дрогба, од кои се жалеше дека не промашувале кога му шутирале слободни удари на тренинзите.

Во 2010 имал повреда на колкот, поради која решил да престане со фудбал, по што почнал да тренира џиу-џицу и се трансферираше во боречките вештини.

https://twitter.com/i/status/1789396075196907947

- Оглас -

Најнови вести