Поранешниот голман на Еспањол и тренер почина од Коронавирусот

Поранешниот тренер и голман на шпанскиот Еспањол, Бенито Жоанет, почина на 84-годишна возраст. Жоанет беше заразен од Коронавирусот, но ситуацијата му била влошена уште пред да го зафати опасниот вирус затоа што неодамна претрпел мозочен удар.

Во играчката кариера, Жоанет го бранел голот на Еспањол и Депортиво Ла Коруња, а во тренерската кариера бил на чело на екипите на Херкулес, Мајорка, Кадис, Лас Палмас, Саламанка и Тенерифе.

- Оглас -

Најнови вести