Поранешниот голман на Ливерпул проговори за зависноста: „Тоа зло за малку ќе ме убиеше“

Поранешниот голман на Ливерпул, кој има 189 настапи во Премиер лигата, но и еден за репрезентацијата на Англија, Крис Киркланд, за британските медиуми отворено проговори за проблемите со зависноста од лекарства, што за малку и ќе доведеше до смрт.

Тој во текот на својата кариера земал големи количини од лекот Трамадол, со кој ја ублажувал болката во грбот.

„Земав лекарства против воспаление и против болка. Едноставно, потполно ме умртви. Не е нормално да се земаат по осум или девет таблети на ден и тогаш сфатив дека ми треба помош. Кога отидов на рехабилитација, дознав дека таблетите кои ги земав се еднакви на шест дози хероин. Тоа е дрога, за малку ќе ме убиеше. На почетокот се чувствувате добро, но по три месеци знаев дека сум во неволја. На крајот продолжувате да ги земате лекарствата иако знаете дека не ви требаат“, вели Киркланд.

Тој од премногу лекарства паднал во депресија и сакал да се самоубие, но се откажал од таквата мрачна идеја, пред сè, поради неговата сопруга и ќерка.

- Оглас -

Најнови вести