Поранешниот голман на Реал и на ПСЖ кариерата ја продолжува во Чиле?!

Репрезентативниот голман на Костарика, Кејлор Навас, своевремено важеше за еден од најдобрите светски голмани, а во својата кариера пет сезони го чуваше голот на Реал Мадрид, а четири на ПСЖ.

Освен за овие две екипи, настапуваше и за Нотингам, за Леванте и за Албасете, а сега на 38 години ќе го направи еден од најегзотичните трансфери оваа зима. Навас од летото е слободен фудбалер, за него имаше интерес од Монца, Гремио и Сан Диего, но не се договори со ниту една екипа, па сега започна преговори со најпознатиот клуб од Чиле, Коло Коло.

Неизвесно е дали ќе биде постигнат договор, но според тамошните медиуми, двете страни се многу блиску до наоѓање на заеднички јазик за соработка. Доколку трансферот се реализира, тогаш со сигурност ќе биде еден од најегзотичните кои е реализиран во овој зимски преоден рок.

- Оглас -

Најнови вести