Поранешниот холандски репрезентативец не успеа во борбата со страшната болест

Некогашниот десен бек Фернардо Риксен ја загуби битката со тешката и сурова болест АЛС (моторна болест на невронот), со која се бореше повеќе од шест години. Риксен беше поранешен рпрезентативец на Холандија, а поголем дел од кариерата помина играјќи за Глазгов ренџерс. Токму шкотскиот тим ја објави тажната вест.

„Со голема тага ве известуваме дека нашиот поранешен играч Фернардо Риксен почина утрово по долга борба со болест на невронот“, пишува во објавата на Ренџерс.

Целата мускулатура на телото на Риксен почна да откажува пред шест години, а лекарите тогаш му рекле дека нема да живее повеќе од 18 месеци. Риксен ги надмина тие 18 месеци, но сепак, по шест години борба, неговиот живот згасна.

Самиот Риксен беше свесен дека за многу брзо ќе го загуби животот, па на својата ќерка Вероника пред неколку месеци ѝ направи роденден за памтење. 

 

- Оглас -

Најнови вести