Поранешниот играч на Барселона повеќе од половина час играл со скинати лигаменти и асистираше за победа (Видео)

Рики Пуџ, некогашната голема надеж на Барселона, е еден од најзаслужните за победата на неговиот Лос Анџелес галакси со 1:0 во триумфот над Сиетл саундерс. Пуџ, кој е еден од најдобрите играчи во американската МЛС-лига, доживеа тешка повреда во финалето на Западната конфренција, на мечот на којшто неговиот Галакси го победи Сиетл и се пласира во големито финале.

Пуџ се повреди на почетокот на второто полувреме, но продолжи да игра и на крајот асистираше за погодокот на Дејан Јовељиќ во 85-тата минута, кој беше доволен за победа од 1:0.

Дури по завршувањето на мечот било констатирано дека Пуџ ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото и сега ќе мора да му биде извршена операција, што значи дека му следува подолга пауза и сигурно Шпанецот нема да биде во составот на ЛА галакси за големото финале во МЛС-плејофот против Њујорк Ред Бул, кое ќе се игра на 7 декември.

Пуџ сезонава одигра 36 меча за Галакси и постигна 17 гола,, а имаше и 14 асистенции. Тој беше дел од школата на Барселона, a потоа во четири сезони за каталонскиот гигант одигра само 60 натпревари, па во 2022 година како слободен играч замина во Лос Анџелес.

 

- Оглас -

Најнови вести