15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Поранешниот капитен на Украина го продаде дресот на аукција за да им помогне за Русите (Фото)

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Украина, Анатолиј Тимошчук, уште повеќе го навлече гневот на јавноста, но и на официјалните лица во неговата татковина откако на аукција го продал дресот на Зенит за 6.500 евра, а парите ги донирал за нападнатите Руси во регионот Курск.

Тој уште на почетокот на војната одби да ги почитува наредбите од украинските власти, па остана да настапува за екипата на Зенит, а во Украина му беа одземени сите титули и почести кои ги добил во кариерата, а беше избришан и од регистерот на репрезентативци, иако има одиграно 144 натпревари и е рекордер.

- Оглас -

Најнови вести