Поранешниот клуб на Чави сака да го пресели Гундоган во Катар

Катарскиот клуб Ал-Сад испратил примамлива понуда до играчот на Барселона, Илкај Гундоган, тврди „ТВ3“. Клубот нема да штеди пари за да го доведе германскиот фудбалер во своите редови, а препораката за него дошла од Чави, поранешниот тренер на Ал-Сад, кој потоа ја предводеше и Барселона.

Ал-Сад ќе стори сѐ да го убеди Гундоган да замине на Блискиот Исток.

Ситуацијата со Гундоган е доста компликувана за Барселона. Искусниот играч за врска има само уште една година од договорот со Каталонците, кои, ако не го продадат сега, ризикуваат да го изгубат бесплатно следното лето.

Во исто време, германскиот репрезентативец се смета за важен дел од составот и новиот тренер Ханси Флик многу се потпира на својот сонародник како главен двигател во средината на теренот.

Од Ал-Сад му понудиле на ветеранот тригодишен договор со одлични финансиски параметри, а Гундоган во моментов нема дадено конечен одговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести