Поранешниот кошаркар на Карпош Соколи ја однесе Црна Гора на Европско првенство

Кошаркарска Црна Гора слави пласман на Евробаскетот 2025. Вечерва во Ботевград, црногорските Соколи предводени од еден поранешен играч на скопските Карпош Соколи ја надиграа Бугарија со 90-86.

Кендрик Пери, кој како натурализиран игра за Црна Гора, со 31 поен и четири асистенции беше предводник на Црногорците против нашиот источен сосед.

За Црна Гора тоа ќе биде петто учество на европските првенства, а Пери веројатно веќе нема да игра за нивниот национален тим, па за крај им подари место на ЕП.

- Оглас -

Најнови вести