Поранешниот македонски селектор само четири дена беше без работа

Поранешниот македонски селектор, Србинот Александар Џикиќ, пред четири дена се раздели со црногорскиот првак Будуќност, а веќе денеска си најде нов клуб, и промовиран е како нов тренер на Хапоел Ерусалим.

Џикиќ потпиша двегодишен договор со Хапоел, каде доаѓа на местото на некогашниот прославен израелски кошаркар Јотам Халперин.

„Среќен сум што доаѓам во овој голем клуб. Сум гостувал во Ерусалим, знам какви навивачи има клубот. Ќе работиме напорно, со голема пасија и посветеност за да ги оствариме целите“ – изјави 51-годишниот Џикиќ.

- Оглас -

Најнови вести