Поранешниот македонски селектор страда од деменција, син му откри потресни детали

Некогашниот македонски селектор, легенда на Ливерпул, и екстренер на Реал Мадрид, Џон Тошак, се соочува со најтешкиот предизвик во животот, страда од деменција, откри неговиот син Камерон во интервју за британски медиум.

Според Камерон, има денови кога Тошак е добар, а има и денови кога не е во добра состојба. Деменцијата е болест која прогресивно влијае на меморијата и на когнитивните способности. Главниот проблем на Тошак е во неговата краткорочна меморија: може да води разговор наутро, а неколку часа подоцна да не се сеќава дека го водел. Но, Камерон вели дека Џон исто така одлично памети моменти од дамнешното време кога играл или потоа кога бил тренер.

„Тоа е ужасна болест. Ја гледаме во неговата краткорочна меморија: разговарам со него речиси секој ден, а ако разговараме попладне, можеби нема да се сети дека разговаравме и утрото. А, ако го прашам за неговото време во Ливерпул, Сосиедад или Реал Мадрид, дава неверојатни детали. Ми раскажа за натпреварот на Реал Мадрид против Милан на Саки и како го променил средниот ред за да се справи со Марко ван Бастен. Како натпреварот да бил вчера“, објасни тој.

Џон Тошак, кој има 77 години, беше селектор на македонската репрезентација од август до 2011 до август 2012 година и на осум меча имаше само една победа.

- Оглас -

Најнови вести