Поранешниот „матурант“ на Јунајтед му зададе нови главоболки на Солскјер (видео)

Борнмут го приреди првото изненадување во 11-тото коло во Премиер лигата со минималниот триумф над Манчестер јунајтед од 1-0. Црешите славеа благодарение на играчот кој потекнува од школата на Црвените ѓаволи, Џошуа Кинг.

„Матурантот“ на Јунајтед постигна фантастичен гол на истекот од регуларното време во првиот дел, одлично се снајде во шестнаесетникот на гостите и го оневозможи Де Хеа да интервенира. Норвешкиот напаѓач воедно стави крај на сушниот период на неговиот тим, Борнмут немаше даде гол цели пет часа во Премиер лигата, а постот заврши во најдобар можен период.

Борнмут со овој триумф се искачи до шестата позиција со 16 бода, а воедно го претрка Јунајтед кој сега стои две места подолу со 13 бода.

https://twitter.com/ZWODDEYT/status/1190625709426987008

- Оглас -

Најнови вести