Жоан Лапорта беше претседател на Барселона од 2003 до 2010 година, период кој е познат како еден од најуспешните во историјата на каталонскиот гигант. Сега тој повторно сака да застане на функцијата и да го врати полниот сјај на клубот.
„Проектот ме возбудува, почнав да правам тим за што подетално да ги анализираме сите работи на кои треба да се направи промена на подобро. Најмногу внимание треба да се обрне на економијата, тоа е најголемиот проблем на клубот, но јас сум ентузијаст и сметам дека можам да го вратам клубот на вистинскиот пат. Сепак, има уште доста време бидејќи изборите најверојатно ќе се случат во јули 2021 година.
Како што стојат работите, Барселона речиси сигурно ќе дочека смена на раководството ако се знае дека Бартомеу веќе ја загуби довербата кај одборот на директори, но и навивачите. Последен скандал поврзан со актуелниот претседел беше неотповикливата оставка на шест членови од управниот одбор.