26.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Поранешниот претседател на Анкарагучу излезе од затвор, навивачите го пречекаа како херој (Видео)

Поранешниот претседател на турскиот клуб Анкарагучу, Фарук Коџа, синоќа беше пуштен од затвор, а од навивачите беше пречекан како херој. Тој беше во притвор откако го удри судијата на мечот против Ризеспор, незадоволен од неговото судење.

Најверните навивачи со скандирања и факли го пречекаа поранешниот претседател, кој сам се повлече од функцијата, а тој изјави дека не се чувствува како херој.

„Нема оправдување за сторителите или крадците. Реакцијата можеби е погрешна, но да се биде човек, значи да се реагира на неправдата. Јас не сум херој, жал ми е за сè што се случи. Им благодарам на сите за пораките со подршка. Добив премногу такви пораки од претседателите на другите клубови, но и од навивачи на други клубови“, изјави Коџа на неговиот пречек.

Анкарагучу доби забрана за присуство на навивачи на пет натпревари и парична казна од 63.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести